Видео: ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ВМРО-ДПМНЕ ја соопшти одлуката за уште 9 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за претстојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври.

За Прилеп за уште еден мандат ќе се кандидира Марјан Ристески, за Брвеница Стојан Тодороски, долгогодишен активист и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за општина Демир Капија за уште еден мандат ќе се трка актуелниот градоначалник Трајче Димитриев.

За општина Новаци ќе се кандидира Лазар Котевски, инаку актуелен градоначалник, а за општина Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски, поранешен државен секретар во Министерството за надворешни работи и директор на Агенцијата на државни патишта.

За градоначалничка на Гостивар ќе се кандидира Дафина Стојаноска, а за градоначалник на Тетово – Горан Манојлоски. И двајцата кандидати се пратеници во Собранието на Република Македонија.

Во Радовиш и Вевчани за нов мандат ќе се кандидираат Сашко Николов и Цветомир Угриноски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при објавувањето на имињата рече дека партијата се водела исклучиво според личниот и професионалниот капацитет на кандидатите, нивниот досегашен придонес, но и визијата за локалниот развој во општината во која се кандидира.

„Сите кандидати уживаат углед, кредибилност и поддршка меѓу граѓаните, што е гаранција за напредок и реализација на многубројни проекти во интерес на локалната заедница. Кандидатите што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ со својата посветеност, одговорност и темелност кон работата ќе придонесат кон подобрување на реалните потреби на граѓаните, унапредување на комуналните услуги, подигање на нивото на квалитет на инфраструктурата и континуиран просперитет на општините што ги водат или ќе ги водат во периодот што доаѓа. Доказ за тоа се обемните програми, кои во соработка со граѓаните и со врвни експерти се изготвуваат, а кои ќе значат нови дела за сегашните, но и за идните генерации“, рече Мицкоски.