Видео: Теодисиќ се врати во голем стил, Хјустон продолжува да гази!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хјустон продолжува со одличните игри и ја запиша 10-та победа против Њу Орлеанс, шампионот рутинси против Портланд, одличен кам-бек на Теодосиќ.

Хјустон и натаму продолжува да гази, против Њу Орлеанс ја забележа десетата победа во низа (130:123), а главниот збор на теренот го имаше Џејмс Харден со 26 поени и 17 асистенции. Од голема помош беше и Крис Пол, кој се врати по повредата со 20 поени.

Милош Теодосиќ конечно се врати на терените после повредата и тоа го направи во голем стил донесувајќи му победа на својите Клиперси против против Торонто (96-91).

Првата од двете клучни тројки Теодосиќ ја постигна во средината на последната четвртина, додека втората на помалку од минута до крајот за водство на својот тим од 91:87. Теодосиќ мечот го заврши со 12 поени и 7 скока, најефикасен беше Деандре Џордан со 14 поени и 17 скока. Кај Торонто Валанчиунис имаше 23 поени и 15 скока.

Резултати:
Чикаго – Бостон 108:85
Хјустон – Њу Орлеанс 130:123
Мемфис – Мајами 82:107
Оклахома – Шарлот 103:116
Голден Стејт – Портланд 111:104
ЛА Клиперс – Торонто 96:91