Видео: Роналдо за историја и голема победа во Минхен!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид со головите на Кристиано Роналдо оствари голема победа во Минхен и обезбеди предност од 2:1, во пресрет на реваншот во Мадрид.

Баерн без повредениот Роберт Левандовски, не успеа да создаде доволен број шанси пред голот на Кејлор Навас, но и во таквиот развој на настаните, во првиот дел беше во подобра положба од противникот.

Откако Карим Бензема по 18 минути игра ја погоди гредата, Баерн стигна до предност со голот на Артуро Видал. Чилеанецот беше највисок во скокот по корнерот на Алкантара и ја закова топката во голот.

Клучниот момент на мечот се случи во 45 минута кога Видал не успа да реалзиира пенал, неговиот удар заврши над голот на Навас.

Вториот дел го отвори Роналдо со гол во 47-та минута. Португалецот со волеј ја затресе мрежата на Нојер. Баерн потоа во 61-та минута остана со играч помалку. Хави Мартинез поради два страта над Роналдо, во интервал од само четири минути доби два жолти картони.

Со играч повеќе на терено Реал силно притисна кон голот на противникот, но Нојер го спасуваше својот тим се до 77-та минута кога втор пат го совлада Роналдо. Португалецот стигна до својот 100-ти гол во европските купови.

Атлетико, во Мадрид, го пречека англискиот шампион Лестер и победи со голот на Гризман од сомнителен пенал.