ВИДЕО: Погледнете ја реакцијата на Путин на утката на неговиот министер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снимката од состанокот на кој главни протагонисти се рускиот министер за земјоделие Александар Ткачев и Владимир Путин стана вирале хит поради реакцијата на претседателот на утката на неговиот министер.

Рускиот министер за земјоделие Александар Ткачев во петокот имаше состанок со врвни политичари, а меѓу нив и претседателот Владимир Путин. Тој зборувал за своето успешно искуство во Германија и извозот на производи од животинско потекло.

„Германија годишно продава повеќе од 3 милиони свинско месо во Кина, Индонезија, Јапонија“, рече министерот на што Путин му одговори: „Индонезија е муслиманска земја, луѓето таму не јадат свинско“

„Јадат“, се пошегува министерот, на што Путин му врати „Не јадат“ и почна да се смее. „Јужна Кореја… “, рече Ткачев и продолжи со говорот, а во салата сите почнаа да се смејат, на што Путин го покри лицето со рацете.