Видео: Оваа авиокомпанија е посурова од војната во Виетнам!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лекарот од Кентаки, Дејвид Дао, кој стана планетарно познат откако персоналот на авиокомпанијата „Јунајтед Ерлајнс“ го исфрли насилно од авион, бидејќи летот бил пребукиран, завршил со потрес на мозок, скршен нос и без два заба.

Ова го соопшти неговиот адвокат Томас Деметрио на прес конференција најавувајќи дека Дао веројатно ќе покрене тужба против компанијата. Дао е отпуштен од болница, но најави дека ќе побара дополнителна медицинска помош на оддел за реконструктивна хирургија.

Овој 69-годишен лекар со виетнамско потекло има пет деца, и според неговото сведоштво, тие и сопругата биле ужаснати кога виделе што му се случува. Адвокатот на Дао на прес конференција тврдеше дека компанијата „Јунајтед Ерлајнс“ има историја на малтретирање на патници подолг период.

„Не постои ништо во договорот што и дава право на „Јунајтед Ерлајнс“ да изврши ваков напад врз патник”, изјави адвокатот додавајќи дека Дао му рекол дека бил преплашен кога бегал од Сајгон,откако градот бил преземен од силите на Виетконгот во 1975 година, но ова што му се случило во авионот на „Јунајтед Ерлајнс“ било пострашно.

Ужасната видео снимка на која се виде како полицајци го влечат Дао по подот на авионот ги стави во центарот на вниманието овие безбедносни сили кои ги чуваат двата аеродроми во Чикаго и не се дел од редовните полициски сили.