Видео од тепачката во која учествуваше славниот актер Џејми Фокс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 Глумецот Џејми Фокс наводно бил претепан додека бил со свои пријатели во ресторан во Лос Анџелес.

Имено, како што пишува порталот ТМЗ, момците од соседната маса прво ги замолиле да бидат потивки, а откако Фокс и неговите пријатели ги изигнорирале, па дури и пцуеле, настанала општа тепачка.

На видео снимките се гледаат група момчиња како се туркаат, но глумецот не е меѓу нив. Од друга страна, и Daily Mail пренесува дека тој не учествувал во тепачката.

Крај на гласините стави самиот Фокс, со своја објава на Инстаграм, каде потврди дека не е повреден.