Актуелно

ВИДЕО од синоќешната масовна акција на ПОЛИЦИЈАТА во Скопје!


Министерството за внатрешни работи објави видео од синоќешната акција на полицијата во угостителските објекти, објектите за забава, агенциите за обезбедување. Со полицијата на терен беа и пазарните инспектори, како и инспекторите од Управата за јавни приходи.

Контрола на угостителски објекти

Контрола на угостителски објекти

Posted by Министерство за внатрешни работи on Sonntag, 12. November 2017

Тринаесет угостителски објекти во Скопје се затворени синоќа по заедничката акција на МВР, УЈП, пазаришната и трудовата инспекција, поради кршење на законите за работното време, за забрана на точење алкохол на малолетници и за забрането пушење, како и за неиздавање фискални сметки. Казнетите добија забрана за работа од 15 до 30 дена, соопшти денеска МВР.

Според податоците објавени на прес конференцијата во МВР, во акцијата биле контролирани вкупно 24 објекти, поради утрдени неправиности затворени се 13 објекти, а на едукација за спореведување законите се повикани 5 сопственици.

Во 8 од објектите имало малолетници. Приведени се 4 малолетници, од кои 2 за користење наркотици.

„Контролата е направена врз основа на претходни анализи и сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитува законот за работното време, забраната за точење алкохол на малолетници и забраната за пушење, како и обврската за издавање фискални сметки. МВР заедно со другите институции ќе продолжи со вакви контроли и нема да биде дозвлено никакво непочитување на законите“, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој рече дека МВР синоќа имало контрола и на возачите, при што од испитани 272 возачи, кај 102 е утврдено дека возеле под дејство на алкохол. Констатирани се и 49 други прекршоци за што се изречени 12 мандатни и 37 прекршочни глоби.

Извршени контроли во 24 угостителски објекти во Скопје

Posted by Министерство за внатрешни работи on Sonntag, 12. November 2017

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top