Видео: Обамејанг летна за Лондон!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Пјер Емерик Обамејанг веќе е на пат за Лондон, каде треба да ги помине лекарските прегледи и да го облече дресот на Арсенал, пренесува „Скај Спорт“.

Попладнево напаѓачот беше сниман како пристугнува на аеродромот во Дортмунд, па се претпоставуваше дека ќе се качи на еден од двата редовни лета за Лондон.

Меѓутоа, Обамејанг се качи во приватен авион, а летото до Лондон ќе трае 80 минути.

Се очекува во текот на денот Обамејанг да ги помине медицинските прегледи, а потоа и официјално да стане најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал.