Видео: Нов пораз на Кливленд, и трипл-дабл на Вестбрук!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поразите на Кливленд и Хјустон, односно 18-от сезонски трипл дабл на Расел Вестбрук ги обележаа натпреварите кои во НБА лигата се одиграа изминатата ноќ.

Не е ниту половина од сезоната, а Расел Вестбрук го постигна 18 трипл-дабл оваа сезона и се изедначи со својот учинок кој го имаше во текот на целата мината сезона.

Вестбрук постигна 24 поени, имаше 13 скокови и 12 асистенции, и со својот 55 трипл-дабл во кариерата ја водеше Оклахома до победа над Мемефис.

Актуелниот првак Кливленд го забележа вториот пораз на турнејата по Западот. Портланд предводен од Си-Џеј Мекалум го победи Кливленд 102:86. Мекалум мечот го заврши со 27 поени, 21 тој реализира во второто полувреме. Портланд четврата година во низа бележи триумф над Кливленд пред своите навивачи. Леброн Џејмс со 20 поени и 11 скокови беше најдобриот играч на шампионот на овој натпревар.

Резултати:
Филаделфија – Њујорк 98:97
Бостон – Вашингтон 117:108
Минесота – Хјустон 119:105
Оклахома – Мемфис 103:95
ЛА Лејкерс – Орландо 105:96
Портланд – Кливленд 102:86