Видео: Нов кикс на Тотенхем, Ливерпул со „петарда“, Евертон се разбуди


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Четата на Јирген Клоп одигра уште една блескава партија и победи со 5:1 на гости кај Брајтон. Кризата на Тотенхем продолжи, а Евертон конечно почна да реди победи.

За помалку од две минути „црвените“ поведоа со 2:0 со головите на Емре Чан и Фирмињо во 30-та и 32-та минута и со тој резултат се замина на одмор. На почетокот на второто полувреме Барзилецот зголеми на 3:0, а неколку минути подоцна Мари од пенал намали на 3:1.

Сепак, Ливерпул беше подобар противник па до крајот погоди и Кутињо, а Данк си постигна автогол за конечни 5:1.

Кризата на Тотенхем продолжи, па избраниците на Покетино беше четири меча не знаат за победа. Овој пат одиграа 1:1 против Ватфорд, Кабасел донесе рано водство за домаќините, а Сон пред полувремето го израмни резултатот. „Спарси“во второто полувреме играа со играч помалку после исклучувањето на Санчез.

Во останатите натпревари Евертон го победи Хадерсфилд со 2-0, Лестер издвојува тешка победа над Барнли (1:0), Стоук славеше против Свонси (2:1), а ВБА и Кристал Палас одиграа реми без голови.