Видео: Невидени снимки од судирот на полицијата и фановите на Бешикташ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќешниот натпревар помеѓу Лион и Бешикташ во Лига Европа помина во знакот на нередите кои ги направија гостинските навивачи.

Натпреварот доцнеше 45 минути поради втрчување на навивачите на теренот, а вистинска драма се случуваше и пред натпреварот.

Имено, на улиците на Лион навивачите на Бешикташ правеа нереди во текот на целиот ден, а ситуацијата ескалираше кога дојде полицијата.

После судирите и нередите во центарот на градот, одредена група навивачи успеа да внесе пиротехнички средства на стадионот, каде настана хаос.