Видео: Милан почна да личи на себе, „покер“ на „росонерите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан продолжи со добрите резултату под водство на Гатузо и со убедливи 4:0 победи на гостувањето кај СПАЛ.

Херој за „росонерите“ беше младиот Патрик Кутроне кој постигна два гола. Тој уште во 2-та минута ја искористи грешката на противничката одбрана и ги донесе во водство „росонерите“, а тој резултат беше актуелен до крајот на првиот дел.

Во Вториот дел гледавме вистинско шоу на Милан, предноста ја дуплираше Кутроне во 65 минута после одличниот продор на Сусо.

На 3:0 зголеми Лукас Биглиа во 73-та минута, а конечниот резултат го постави Борини во последните минути од мечот.