Видео: Леброн уште еднаш покажа зошто е „Крал“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во центарот на вниманието синоќа во НБА лигата беше дуелот помеѓу Кливленд и Торонто кој им припадна на домаќините со резултат 132:129.

Торонто имаше предност од 64-79 на полувреме, а предноста од +15 ја одржуваа и до средината на третата четвртина, но потоа „Коњаницата“ предводена од Леброн Џејмс почна да се враќа во игра.

„Кралот“ мечот го заврши со 35 поени, 17 асистенции, 7 скокови и ниту една загубена топка. Тој стана првиот кошаркар кој забележал најмалку 35 поени, 17 асистенции и ниту една загубена топка откако НБА почна да води статистика за загубени топки во сезоната 1977/78.

Резултати:
Кливленд – Торонто 132-129
Филаделфија – Мемфис 119-105
Бруклин – Шарлот 105-111
Мајами – Њујорк 119-98
Чикаго – Денвер 102-135
Милвоки – ЛА клиперс 120-127
Њу Орлеанс – Индијана 96-92
Сан Антонио – Вашингтон 98-90