Видео: Кливленд не може без Леброн!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Два дена по победата над Голден Стејт, актуелниот шампион Кливленд, без Леброн Џејмс убедливо загуби во Детроит.

Тимската игра беше клуч на победата на Детроит над Кливленд 106:90. Деветмина играчи на Детроит постигнаа двоцифрен број на поени, најмногу Тобијас Херис 21, Колдвел-Поуп реализира 18 поени, а Андре Драмонд забележа 11 поени и 17 скокови.

Во редовите на Кливлен подобри од останатите беа Кајри Ирвинг со 18 поени и 8 асистенции, односно Кевин Лав со 17 поени и 14 скокови.

Драматичен меч одиграа Сакраменто и Филалдефија. Кралевите славеа 102:100, а решавачките поени ги постигна Демаркус Казинс од линијата за слободни фрлања. Кај Филаделфија се истакнаа Хрватот Дарио Шариќ (12 поени, 9 скокови) и Шпанецот Серхио Родригез (18 поени).

Џејмс Харден за три четвртини постигна 32 поени и подели 12 асистенции, а Хјустон го декласира Феникс 131:115. Двејн Вејд го предводеше Чикаго до победа над Индијана 90:85.

Резултати:
Орландо – Мемфис 112:102
Вашингтон – Милвоки 107:102
Бруклин – Шарлот 120:118
Детроит – Кливленд 106:90
Чикаго – Индијана 90:85
Хјустон – Феникс 131:115
Минесота – Атланта 104:90
Њу Орлеанс – Далас 111:104
Портланд – Торонто 91:95
ЛА Клиперс – Денвер 102:106
Сакраменто – Филаделфија 102:100