Видео: Јунајтед рутински, Челзи со „покер“, Евертон со пресврт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фаворитите успешни во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед и Челзи остварија важни гостински победи, Сити продолжува да меле.

Манчестер Сити продолжува со имперсивните игри, овој пат со 5:0 го испрати дома Кристал Палас. Рахим Стерлинг постигна два гола, Серхио Агуеро, Лирој Сане погодија по еднаш, а во листата на стрелци се запиша и Фабијан Делф.

Челзи на крилијата на Алваро Мората оствари важна гостинска победа против Стоук. Шпанецот постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запиша и Педро.

Манчестер Јунајтед рутински со 1:0 победи на гостувањето кај Саутемптон. Херој за „црвените ѓаволи“ беше Ромелу Лукаку кој се искачи на врвот на листата стрелци со 6 погодоци.

Евертон со пресврт успеа да го победи Бурнмаут, Свонси загуби на домашен терен од Ватфорд со 2:1, а Барнли и Хадерсфил одиграа без голови.