Вебкафе

Видео: Излезе како победник – со голи раце фати питон


Џамал Алимвасе, храбар маж од Рамала, чија страница на Фејсбук ја следат точно еден милион луѓе, успеа неповреден да се извлече од акцијата на фаќање на избеган питон.

Не е познато, ниту пак на профилот на Фејсбук, открива со што се занимава Алимвасе, но од видеата кои ги објавува јасно е дека посебна страст му се змиите.

Алимвасе успеа да излезе како победник од борбата со питонот Локо, бидејќи пред крај на „двобојот“ змијата започна силно да го стега со своите мускули. Инаку целата борба од плакарот ја следеше уште еден питон, кој на крајот не успеа да го спаси својот брат, кој заврши во кафез.

Инаку овој храбар маж има исклучително познавање за овие рептили и досега има спасено неколку животи. Во октомври минатата недела, во последен момент успеа во една болница да донесе противотров и да спаси човек кој бил казнат од змија отровница.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top