Видео: Божикното дрво што „преживеа“ удар од гром поставено во Ватикан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На плоштадот Свети Петар во Ватикан денеска беше поставено божикното дрво што пред неколку години во Полска беше погодено од гром.

Тоа е старо 60 години, а високо 21 метар, а по ударот од гром остана без врвот.

На плоштадот во Ватикан беше подигнато со помош на кран, а ќе биде украсено и осветлено на 7 декември.

Во Рим беше донесено на камион, по 12-дневно патување од областа Мазурија, северна Полска.