Спорт

Видео: Бостон го доби дербито, Мајами се намачи со Њујорк


Кошаркарите на Бостон по неколкуте слаби резултати повторно се во серија победи, а синоќа славеа и во дербито на Источната конференција против Минесота 91:84.

Двата тима приредија одлична кошаркарска претстава, домаќинот дури во последната четвртина успеа да дојде до поголема позитива. Маркус Смарт со 18 поени и Кајри Ирвинг со 16 поени, девет скока и осум асистенции беа најефикасни кај Бостон. На другата страна Таунс имаше 25 поени и 23 скока.

Мајами дури по едно продолжение успеа да го сруши отпорот на Њукорк и да слави со 107-103. Вејн Елингтон ги предводеше „жешките“ до победа со 24 поени, а Горан Драгиќ постигна 19 поени. Кај гостите најефикасен беше Картни Ли со 24 поени.

Резултати:
Бостон – Минесота 91-84
Филаделфија – Детроит 114-78
Мајами – Њујорк 107-103
Милвоки – Торонто 110-129
Далас – Чикаго 124-127
Сан Антонио – Феникс 103-89
Денвер – Јута 99-91
Мемфис – Вашингтон 100-102
Портланд – Атланта 110-89
ЛА Лејкерс – Шарлот 94-108

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top