ВИДЕО: 5 вежби кои секој фраер мора да ги прави!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нема дилеми, ако сакате да изградите атлетско тело и да бидете поснажни, не смеете да ги изоставите вежбите со тежини. Секое вежбање е добредојдено, но за да добиете сила и мускули има вежби кои се ’библија’.

Овие вежби се најгоре на листата на секој што сака да се занимава со бодибилдинг истовремено претставуваат основа и врв. Станува збор за комплексни вежби кои активираат повеќе мускулни групи истовремено и се одлични за зголемување на силата и мускулите, како и за топење на масните наслаги.

Еве за кои вежби станува збор:

Мртво кревање

Оваа вежба претставува едно од најчестите движења на човекот – кревање товар од под и токму затоа е важна за развојот на снагата на секој маж. Бидејќи силно ги активира сите мускули на телото и придонесува за зголемено ниво на тестостерон, нема сомневање дека е една од главните вежби кои задолжително мора да ги правите.

Клекнувања

Се она што е кажано за мртвото кревање може да се каже и за клекнувањата (или познати како чучњеви од српскиот јазик). Постојат многу верзии на клекнувања и сите се одлични за развој на долниот дел од телото и за стабилност на трупот. Значи со тежини или без, клекнувањата мора да бидат дел од вашата тренинг рутина.

Згибови

Една од најдобрите вежби за горниот дел од телото се згибовите. Иако станува збор за потешка вежба која не може секој (на почеток) да ја прави, секогаш постои начин да ја вметнете во вашата тренинг рутина. Во многу теретани постојат справи со контратег токму за почетници. Ако не можете од одма да ја правите оваа вежба, обидете се на нив. Така ќе добиете силен грб, раце и рамена. Секој маж би требало да ја подигне својата тежина барем пет пати.

Склекови

Оваа незаменлива вежба ќе ви помогне да ги зацврстите мускулите околу градите, рамениот појас и рацете. Ако правите повеќе повторувања, ќе добиете поголема издржливост и топење на мастите, а ако сакате да добиете на мускулна маса и сила правете помал број повторувања со дополнителна тежина на грбот.

Бенч прес

Кревањето тег на клупа не е без причина најпопуларната вежба што се прави во теретана. Потисокот од клупа е заслужен за развој на поголемиот дел од градите, рамената и трицепсот. Почнете со помала тежина и повеќе повторувања, а третата серија завршете ја со максимална тежина и минимум повторувања.