Видео: 20.000 навивачи во Белград пееа песна за рускиот хор!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Црвена звезда со победа над европскиот првак ЦСКА 78:67 ставија крај на извонредната година, во која забележаа 25 победи без пораз во АБА лигата, играа четвртфинале во Евролигата, а во новата евролигашка сезона имаат скор седум победи и осум порази.

Сепак, она што остави најголем впечаток е неверојатната атмосфера која ја направија 20.000 фанови во преполната „Арена“.

Имено, популарните делии во чест на трагично загинатиот руски хор ја отпеаа песната „Тамо далеко“ во нивна верзија, и на транспарент напишаа:

„Песната од овој хор од 20.000 луѓе нека се чуе до небо“.