Виц: Кинеските очила што ги гледаат луѓето голи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одам во една кинеска продавница да си купам било какви очила. Гледам вакви, онакви, различни. Со ултравиолетова заштита, со вакви рамки, со ваква боја.
Доаѓа продавачот и ми вели:
Имам јас за тебе едни специјални очила, дојди.
Ги земам јас од него специјалните очила, ги ставам, погледнувам, сите наоколу голи!
Ги вадам, облечени, пак ги ставам, голи! Не прашувам за цена, ги земам, трчам на улица и го повторувам тестот. Ги ставам, сите голи! Ги вадам, облечени! Брзо, со трчање се враќам дома со очилата, за да се исчаламам пред жената. Влегувам, жената и комшијата голи! Ги вадам, пак голи! Да ти се плукнам во кинеското ѓубре, да ти се плукнам! Кога успеаја толку брзо да се расипат?