Живот

Вежбате, а не се гледа? Еве зошто на крајот јадете повеќе и ви пропаѓа планот за слабеење


Вежбањето без промени во исхраната не доведува до губење на тежината, покажува новото истражување посветено на овој феномен.

После осум недели интензивни кардио тренинзи, три пати неделно, луѓето и понатаму не гледаат значителни проени во тежината или индексот на телесната маса, ако исхраната им останала иста.

Колку повеќе вежбате, толку сте погладни

И покрај тоа, меѓу оние кои имаат вишок килограми или се дури и дебели, таканаречените хормони на гладот значително се променуваат, па научниците веруваат дека растот на апетитот може да го поништи било кое губење на тежината предизвикано од посветеното и интензивно вежбање.

„За да биде поефикасно, вежбањето заради губење на тежината мора да се интегрира во целокупниот животен пристап за слабеење. Тоа значи вежбање комбинирано со прилагодена исхрана“, вели д-р Ханс-Питер Кубис од Универзитетот Бангор.

Кај луѓето со здрава тежина, интензивното вежбање резултира со значително зголемување на мускулната маса, поради што научниците ги поттикнуваат луѓето да бидат активни дури и ако немаат потреба од слабеење.

„Ако не забележат никаква промена на вагата, тоа може да ги наведе луѓето да престанат со вежбање, бидејќи не гледаат како нештата се подобруваат во поглед на тоа што си го поставиле како цел – слабеењето. А тоа е така, затоа што со вежбање ја зголемиле мускулната маса која дава на тежина“.

„Кога луѓето почнуваат со вежбање, често свесно или несвесно ја менуваат исхраната, бидејќи поради напорот им се менува и апетитот, а тоа може да ги поремети ефектите од вежбањето“, вели Кубис.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top