Вежбањето и јадењето: Колку време треба да почекате после оброк за тренинг?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Храната и тоа како има влијание врз начинот на кој ќе го изведете тренингот кој сте го планирале. Не само што може да му пречи на вашето тело за максимална ефикасност при вежбањето, туку може да ги компромитира и вашите цели кои сте си ги задале како резултат од физичките вежби.

Тоа не значи дека не треба да јадете пред тренинг, туку дека треба добро да го испланирате тренингот во однос на времето кога сте јаделе. Фитнес експертите од порталот PopSugar препорачуваат дека помеѓу последниот оброк и тренингот треба да има временска дистанца од најмалку 2-3 часа.

Без оглед на периодот од денот во кој вежбате, секогаш планирајте си да јадете барем два-три часа пред тренингот, бидејќи тоа е доволен временски период организмот и телото да ги апсорбираат состојките од храната во себе и да ги искористат како „гориво“ за ефикасен тренинг.

Премногу храна консумирана пред вежбањето ќе ви дава чувство на тромост и може да предизвика непријатно чувство во желудникот, а веруваме дека не сакате тренингот да ви го поремети вашиот дигестивен процес.

Ако, пак, поминале повеќе од 3 часа од последниот оброк, а сакате да вежбате, експертите се согласни дека треба да каснете нешто пред тренингот, за да го снабдите телото со „гориво“ за вежбањето. За тоа се препорачува комбинација од јаглехидрати и малку протеини, максимум  до 200 калории.

Ако практикувате да вежбате наутро, запамтете дека вежбањето на празен желудник не е добра идеја, па пред тренингот каснете нешто за истиот да има ефект и да ви донесе подобри и побрзи резултати.