Верувале или не, авионските летови пред 50 години траеле пократко отколку денес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако многумина ќе помислат дека во денешниот свет на модерната технологија се работи побрзо отколку пред 50 години, тоа, сепак, не е случај со авионите.

Откако цената на горивото постојано расте, авио-компаниите се трудат да потрошат што помалку пари за превоз на патниците. Еден вид заштеда се и летовите, што се многу побавни отколку што биле пред половина век.

За споредба, летот од Њујорк до Хјустон сега трае три часа и 50 минути, додека во 1973 година таквиот лет бил изведен за два часа и 37 минути.

Авио-компаниите заштедуваат и до милион долари годишно летајќи побавно, иако цената на нафтата од 2002 година до 2012 година е четири пати повисока.

Авио-компанијата „Џет блу“ во текот на една година заштедила 14 милиони долари само поради фактот дека летовите ги продолжила за две минути.