Венгер повторно шокира: Нуди 90 милиони за ѕвездата на Монако


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арсен Венгер ова лето реши да го „одврзи кесето“ и веќе го сруши клупскиот рекорд со трансферот на Александре Лаказет од Лион.

Покрај Лаказет на „Емирати“ ова лето пристигна и левиот бек Сеат Колошинац, но Венгер не мисли да застане и е спремен повторно да ги израдува фановите со голем трансфер.

Имено, како што пишуваат медиумите на Островот, примарна трансфер цел на „топџиите“ е ѕвездата на Монако, Томас Лемар кој веќе ги договорил личните услови со тимот од Лондон.

Монако не сака лесно да се откаже од својата ѕвезда, но Венгер е одлучен во намерата и наводно е спремен да понуди неверојатни 90 милиони евра за неговиот потпис.

Доколу оваа информација е веродостојна, тоа ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Арсенал и втор најскап во Премиер лигата на сите времиња.