Венчаница од 700.000 евра: Се омажи наследничката на царстото Сваровски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Викторија Сваровски, наследничка на царството Сваровски и позната пејачка во Австралија стапна на лудиот камен.

Таа овој викенд се омажи за својот долгогодишен дечко Вернер Мурз, а спектакуларната венчавка беше преполна со дијаманти и секако, Сваровски кристали.

Сепак, венчаницата од Викторија беше она за кое најмногу се зборуваше. Фустанот тежеше 46 килограми и на неа беа вградени неверојатни половина милион Сваровски кристали. Самиот фустан наводно чинел 700.000 евра.

Фотографиите од оваа луксузна венчавка ги преплавија социјалните мрежи, а венчаницата ги воодушеви сите тренд-сетерки.