Велешките тутунари бараат чаре за 30 тони неоткупен тутун


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Триесет тони тутун скапува по амбарите во општина Лозово, откако Струмица табак го затвори откупниот центар. Тутунарите од овој регион имале договори со струмичкиот монопол да произведуваат квалитетен тутун басмак, за чие производство потрошиле многу пари.

Се било во ред до Нова година, кога од Струмица табак им кажале да си бараат чаре за тутунот, бидејќи фирмата ја изгубила лиценцата за откуп. Тутунарите велат дека другите откупувачи се понудиле да им го откупат производството, но наместо прва или втора класа, тие им го проценувале како тртета и четврта, а цената која ја нуделе не може да ги покрие ниту трошоците за неговото производство.

Од Министерството за земјоделие велат дека пред нова година имале состанок со откупувачите, кои изразиле заинтересираност да го откупат целиот тутун. Тврдат дека цената е утврдена со закон и дека никој не смее да ги уценува тутунарите.

Оние производители кои не се задоволни од проценката на тутунот, можат да повикаат надлежен инспектор и да побараат нова проценка пред второстепена комисија. Цените не се утврдуваат паушално, туку врз основа на предадени мостри и законска класификација. Досега се окупени преку 15 илјади тони тутун, по просечна цена од 192,5 денари по килограм, велат од Министерството за земјоделие.

24 Вести вчера објави дека Струмица табак годинава не може да врши откуп, бидејќи Земјоделскиот инспекторат проценил оти фирмата не успеала во предвидениот рок да ги обезбеди парите за исплата на договорениот тутун.

Во меѓувреме, тутунарите се во очај, бидејќи со секој поминат ден, кавалитетот на тутунот се намалува, а со тоа и неговата вредност. Тие проценуваат дека ако пропадне реколтата, тутунарите од општина лозово ќе загубат повеќе од 70 илјади евра.