Спорт

Вардар – Зенит: најава и анализа, нека продолжи серијата домашни победи


Вардар не можеше да посака потешко деби во групната фаза на Лигата на Европа, но Вардар стартува на домашен терен каде досега паднаа три фаворити, па зошто во Скопје да не падне и руски Зенит. Историјата е веќе испишана со самиот пласман во групната фаза на Вардар и секој чекор плус сам по себе ќе биде нова историја за Вардар, но и за македонскиот фудбал воопшто, пишува Кладење.мк.

Вардар наметна победнички менталитет

Македонскиот шампион конечно успеа да испише нова историја, да сврти нова страница во македонскиот фудбал и да обезбеди пласман во групна фаза на едно од двете европски натпреварувања. Вардар тргна мирно во квалификациите на Лигата на Шампионите но го елиминираше Малме, а потоа несреќно загуби од Копенхаген во гости. Кога на ждрепката го добивме Фенербахче, никој не му даваше шанси на македонскиот шампион дека може да го елиминира турскиот великан, но Вардар победи на два пати и се најде во групите на Лигата на Европа. Сега на ред е Зенит, но оваа екипа е посилна од оние со кои Вардар веќе играше сезонава и повторно Вардар е аутсајдер, но овој пат никој не се залетуваат со песимистички изјави. Тоа е добро, тоа значи дека вардаровите фудбалери наметнаа победнички менталитет и тоа не само кај себе, туку и кај своите навивачи и симпатизери. Тоа е голем плус за овој тим пред настапите во Европа, а Јаневски мора да најде рецепт во кој ќе го искористи тоа. Вардар најде експресно решение за тренерското столче по заминувањето на Седловски и тоа во името на вардаровата легенда Чедомир Јаневски кој долги години го собираше своето искуство во западна Европа, а беше и селектор на македонската репрезентација и тоа веднаш вроди со плод, а неговиот менталитет е победнички и тој може да го пронајде вистинскиот рецепт. Ако Вардар го искористи моментот, еуфоријата, ако одигра мудро, ако одигра како на предходните натпревари во Европа на домашен терен, дефинитивно има шанси во најмала рака да остане непоразен, па дури и да ги освои трите бода, пишува Kladenje.mk.

Јаневски со проблеми во одбраната

Јаневски имаше проблеми во одбраната и на предходните средби со Фенербахче. Прво се разочара од изданието на Демири на првиот меч со Фенербахче и беше заменет на полувремето, а на него не сметаше на дуелот со Фенербахче во Турција. Во предходните натпревари Демири не добива сериозна шанса и на левата позиција почесто играат Глишиќ или Брдаровски. Ако на ова се додаде тоа што Попов не е регистриран за настап во Лигата на Европа, Јаневски би требало да бира помеѓу Демири и Глишиќ кои се единствени леви бекови во тимот, или да се реши на Брдаровски кој е …

Целата анализа прочитајте ја на специјализираниот портал Кладење.мк


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top