Вардар потврди: Џигаури и Итало не се повеќе дел од „црвено-црните“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар дека преку официјално соопшти дека двајцата фудбалери, Џамбул Џигаури и Итало Хозе Оливеира Дос Сантос не се повеќе дел од „црвено-црните“.

На двајцата сега веќе поранешни фудбалери на „црвено-црните“ им истекоа договорите по завршувањето на есенскиот дел, а Вардар нема да ја продолжи соработката со нив.

Џамбул Џигаури дојде меѓу „црвено-црните“ во минатиот зимски преоден рок и за една година одигра 40 настапи за Вардар.

Итало, пак, кон крајот на август се приклучи на Вардаровата екипа, и настапи сезонава на 17 меча во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола, три во првенството, и во Европа против Розенборг.