Ванковска: Со двојазичност и промена на името нема да добиеме прогрес!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По повод последните настани на својот Фејсбук профил интересен коментар даде професорката Билјана Ванковска која подолго време ги анализира политичките настани во нашата земја. Во продолжение го објавуваме во целост:

До вчера си посакувавме среќна и спокојна година. Колку наивно и будалесто, нели? Не сакам да звучам драматично, ама ова е почеток на крајот. Дури сега го ислушав тоа интервју за МТВ на Мицкоски – и заклучив (не само од него, туку само ми се потврди впечатокот) дека партијата веќе не постои.

Не дека жалам за таа партија која има и најголема вина за денешните состојби – туку барем да имаше алтернатива (Солза Грчева сметам на тебе и твојата партија, барем да знам дека нечиј глас ќе се чуе во ова мртвило).

Денес се остварува и ветувањето на Заев дека неговото парламентарно мнозинство ќе расте – ете, уште еден пратеник од коалицијата на ДПМНЕ, ја напушти. Ќе бил независен – ама од него се’ ќе зависи! Буквално. Притворот е средство на политичко застрашување, уцена, предмет на пазарење, ама и на замајување на ДПМНЕ – додека другите работи си врват по планот. Наскоро Македонија и двојазична ќе стане и ќе си го смени името. Тоа нема да отвори никакви перспективи за прогрес – бидејќи од ништавило не се создава нешто! Ни устав остана, ни владеење на правото, ни човекови права, ни дигнитет, ни економија, ни вредности…

Тоа што во парламентот практично нема опозиција (и физики и суштински) не ме загрижува толку, колку фактот што во земјава владее МОЛК во време кога нормална нација би се „обединила околу знамето“. Ние не заслужуваме ни држава ни нациоанален идентитет, како генерација прокоцкавме и прокоцкуваме се’ што стекнале и изградиле минатите генерации. Ние сме последните Мохиканци – а некои дури и се радуваат на тоа. Кутрите, веруваат дека ќе станат New Macedonians, ќе се родат како новороденчиња, како tabula rasa. Good night and good luck.