Валверде призна: Реал беше подобар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека Реал Мадрид заслужено го освои Супер купот на Шпанија.

Тренерот на Каталонците додаде дека сезоната е долга и дека очекува неговите избраници да ја вратат самодовербата во пресрет на следните натпревари.

„Реал беше подобар од нас, особено на вториот дуел. Немаме проблем да признаеме дека тие заслужено стигнаа до трофејот. Ние треба да ја вратиме самодовербата и да победуваме, бидејќи во спортот нема непобедливи екипи. Мораме да гледаме напред, бидејќи наскоро почнува првенството. Треба да ги надминеме проблемите кои се појавија во преодниот рок и да почнеме да бележиме резултати“, изјави Валверде.

Реал синоќа на домашен терен ја победи Барселона со 2:0 и со вкупни 5:1 го освои Супер купот на Шпанија.