Вака Рибери ги исмеа судиите после мечот во Мадрид!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен се лути на судијата Виктор Касаи и директно го обвинија него за елиминацијата од Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

После тренерот Карло Анчелоти и играчите Артуро Видал и Арјен Робен се огласи и Франк Рибери.

Французинот на својот Инстаграм профил ги постави доказите за грабежот на „Сантиаго Бернабеу“ и иронично ги прокоментира спорните одлуки на судијата.

„Браво“.

Рибери со сликите докажа дека Роналдо беше во офсајд при двата гола, но и дека прекршокот на Видал во 84-та минута за втор жолт картон не постоеше.