Мода и убавина

Вака денес изгледаат совршените женски задници во (скоро) сите краишта од светот


Женските задници биле и ќе бидат провокативна и актуелна тема, но опсесијата со оваа телесна појава го достигна својот врв во последната деценија. Џенифер Лопез, Ким Кардашијан, Кајли Џенер, натпреварите за Miss Bum Bum, австралискиот фестивал Julia Creek Dirt’n’DUst кој секоја година ја вклучува потрагата по најдобрите задници во Австралија, па дури и натпреварувањето за најдобар задник на универзитетот Кембриџ се само некои од примерите во рамки на таа опсесија.

Во целата таа трка кој повеќе ќе ги велича женските задници се вклучи и науката. Претходно изминатиот месец беа објавени резултатите од истражувањето кое го предводеше Пол Хајдекригер, од Техничкиот факултет на универзитетот во Минхен, а кој се занимаваше со само една тема. Погодувате – женските задници.

Неговата студија ги истражуваше параметрите како што се возраста, полот, естетската перцепција, географската локација и занимањето, за да ги открие омилените и популарни димензии на задникот како и размерот меѓу половината и бутовите.

Хајдекригер во студијата „Идеалната големина на задникот: Социодемографска морфометричка евалуација“ се потпира на податоците од претходните студии за пропорционалниот одност на половината и бутовите од психологот Девендра Синг, од универзитетот во Тексас, која покажува дека пропорционалниот однос на бедрата и струкот кај жените помеѓу 0,7 и 0,67 се доживуваат како „совршена“ фигура, пренесува Vice.

Резултатите од студијата на Пол покажаа дека, иако возраста и националноста влијаат на перцепцијата на совршената големина на задникот, фактори како што се полот, приходите и областа не влијаат на оваа перцепција. Мажите кои живеат во неевропските области повеќе сакаат поголеми задници, а иако студијата покажа дека Американците помалку ги привлекуваат големи задници од мажите во Латинска Америка, нештата се менуваат и таму, а пообилниот задник станува сè попосакуван атрибут.

Постојат биолошки и социокултурни објаснувања за тоа што им е привлечно на луѓето, тврди Дејвид Фредерик, професор по психологија на здравјето на универзитетот Чепмен.

„Луѓето имаат различни мислења за Ким Кардашијан. Ако сте некој кој ја доживува како престижна и инспиративна личност, нејзините физички карактеристики тогаш ќе ви бидат асоцијација за престиж“, вели тој.

На кратко, ако големиот задник се поврзува со престиж, ќе ви биде попривлечен, вели професорот.

Важно е да се нагласи дека задниците на Ким и Кло Кардашијан не се само големи, туку се и совршено заоблени и подигнати, без стрии и целулит (кога не се во крупен кадар), додека нивните фигури се налик на песочни часовници, со големи задници и гради, а со тенка половина. Тие имаат тела за какви општеството ги уверува другите жени дека би трабло да имаат.

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

„Некој секогаш заработува на сметка на жените кои се чувствуават и перцепираат себеси како грди и жените кои се натпреваруваат со другите жени. Таа идеја за жените опседнати со големината на своите задници и големината на своите бутови одзема многу енергија и само ги тера жените да го вртат тоа тркало како експериментални глувчиња“, тврди Кони Собчек.

А сега повеќе од било кога, културата на машките погледи е во полн замав и сила, вели таа.

„Со моменталната администрација на власт (се мисли на американската, заб. на авт.) и личноста која е на позицијата претседател на САД кој ги проценува и критикува женските тела, жените се навистина објектифицирани. Како да е отворена сезона за лов на женски тела“, додава Кони.

Минатата година во САД беа изведени 17,1 милион козметички операции, а во 42% од случаите пациентите сакаа естетска корекција „за да изгледаат поубави на селфи фотките, на Инстаграм, Снепчет, Фејсбук и другите социјални мрежи“.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top