Утре нов обид за судење на случајот „Сопот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во скопскиот кривичен суд за утре е закажано ново судско рочиште за случајот „Сопот“, откако претходното беше одложено поради службен пат на судечкиот судија. „Рано е да се зборува за каква била понатамошна одлука“, рече обвинителката Фатиме Фетаи. Aдвокатот, Вулнет Пачуку побара ослободителна пресуда.

„Сметаме дека СЈО по анализа на сите докази ќе увиди дека не се работи за некое сторено кривично дело, сторено од страна на овие обвинети поради што ние сметаме дека обвинението треба да се повлече. Во краен случај судот да донесе ослободителна пресуда“ рече Пачуку.

Случајот „Сопот“ е од 2003 година, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.