Условна казна затвор за Ивона Талевска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Основниот суд Скопје 1 досуди условна казна за уредничката на ТВ Сител, Ивона Талевска, за даночно затајување во случајот Тифани.

Според одлуката на судот, Талевска нема да помине две години во затвор, доколку во наредните четири не стори ново кривично дело.

Судијката Софија Лаличиќ рече дека наместо ефективна казна затвор судот се одлучил за алтернативна мерка, условна осуда за Талевска заради нејзиното добро поведение и фактот што Талевска признала вина за даночното затајување. Со пресудата на Основниот суд обвинетата во рок од еден месец треба да плати казна во висина од 1.000 евра, делот за трошоците за вештачењето, а во период од една година треба да го надомести затаениот данок, односно сумата која Специјалното јавно обвинителство ја прецизираше во обвинението.

Треба да ја врати целата сума за која што беше обвинета во предметот „Тифани“ . Според обвинението Талевска затаила 1,6 милиони денари а фирмите не платиле данок во висина од 2,1 милиони денари.

Новинарката Ивона Талевска денеска пред судот призна вина за обвиненијата за даночно затајување во предметот „Тифани“ на СЈО.

– Признавам вина за дејствијата кои ми се товарат во обвинителниот акт на СЈО, рече Талевска.

СЈО по изрекување на пресудата нагласи дека се задоволни од признанието на вина, а за поднесување жалба на одлуката на која имаат право само во делот на висината на казната, од СЈО изјавија дека прво ќе почекаат да добијат писмен примерок од изречената пресуда.