Уште една недела рок за поднесување годишна даночна пријава во УЈП


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Управата за јавни приходи потсетува дека истекува рокот за поднесување на Годишна даночна пријава. Граѓаните имаат уште една недела да посетат еден од шалтерите во даночните канцеларии на УЈП и да ја завршат оваа обврска.

Шалтерите работата секој работен ден од 08.30 до 18 часот и сабота од 08.30 до 14 часот.

Годишна даночна пријава може да се поднесе во регионалните дирекции во: Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово, во Дирекција за големи даночни обврзници Скопје (зграда на ССМ), како и во даночните одделенија во: Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар).

Според податоците на УЈП до 4 март 216.695 поднеле годишни даночни пријави.Вкупно 215.656 граѓани пријавата ја поднеле во хартиена форма, додека пак само 1.039 граѓани пријавите ги поднеле електронски.