Уште двајца од ДИК „во аут“ – Срцев и Бонева на ред со оставките


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реџеп Прекопуца, досега потпретседател на ДИК, заедно со Атанас Урумов (претставник од експертската јавност во ДИК) поднесоа оставки од функците во Државната изборна комисија.

Со тоа бројот на членови кои си дадоа оставки од ДИК откако одекна скандалот со делењето бонуси се зголеми на шестмина.

На функција остануваат уште членот на БЕСА, Ермира Асани Салија, и двајцата членови предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашко Срцев.

Според неофицијално информации Бонева и Срцев исто така ги подготвуваат своите оставки.

Што се однесува до Асани Салија, како последен и најнов член, која стана дел од ДИК пред локалните избори, таа изјави дека ќе ги замрзне средствата од бонусот.