Уште денес сонце, утре дожд и облачно време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска времето ќе биде сончево и релативно топло, а услови за појава на магла ќе има по одделни котлини. Во западните делови ќе настапи зголемување на облачноста, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне до 14 Целзиусови степени.

Од утре се очекуваат врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Повремени врнежи ќе има и в недела, а во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.