Уринираше по копчињата во лифтот – експресно го стигна заслужената казна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дечкото кој уринираше по копчињата во лифтот автоматски стана жртва на својата мочка, бидејќи остана заглавен во лифтот, па мораше да го спасуваат.

Неименуваното момче од Чонгкинг, кое изгледа како да е во тинејџерски години, во петокот беше снимено на безбедносна камера како уринира по копчињата во лифтот. Но, кога се обиде да излезе, не можеше да ја отвори вратата.

Како што пренесува The Strait Times, дечкото бил спасен од страна на домарот. По прегледувањето на снимките, домарот заклучил дека за дефектот на лифтот е заслужно момчето кое тој го спасил.