Уред кој засекогаш ја промени забавата: Дали знаете што чудо е ова?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Станува збор за конзола за играње која влезе во сериско производство.

Конзолата Magnavox Odyssey ја разви американската компанија Magnavox уште на почетокот од ’70-те години на минатиот век, а на пазарот пристигна во мај, 1972 година.

Иако веројатно постои некое универзално мислење дека „гејмерската“ индустрија ја иницираше Atari со својата култна игра Pong, тоа не е целосно точно. Pong, имено, се појави истата година, но неколку месеци подоцна.

Magnavox Odyssey користи аналогна технологија, а игрите беа едноставни и без звук. Имаше вкупно 12 видео игри во форма на електронски касети (дискети), се бележеа со пенкало и хартија. За популарната конзола беше развиен и посебен додаток во форма на ласерски пиштол.

Дизајнерот на играта Ралф Баер уште во 1968 година ја произведе и Brown Box, прототип на првата играчка конзола воопшто, поради што го нарекуваат и „таткото на видео игрите“.