Ураганот Харви во Тексас исфрли мистериозно чудовиште на морскиот брег (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ураганот „Харви“ на тексашките плажи исфрли мистериозно морско животно, за кое биологот Кенет Тај верува дека е змиолика јагула со заби.

Рибата (или животното) ја пронашла жена задолжена за проценка на штетите од ураганот, која потоа постави неколку фотографии на Твитер и побара објаснување. На објавата одговори д-р Тај, кој верува дека е можно и да е морска или пак, т.н. „градинарска јагула“ (Heterocongrinae), оти сите три видови се среќаваат во Тексас и имаат заби.

Вештакот Прити Десај потоа за Би-Би-Си изјави дека помислила оти се работи за некое суштество од морските длабочини. кое невремето го исфрлило на брегот.