Универзитетско истражување: Колку треба да трае сексот за жената да биде задоволена


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Колку долго треба да трае сексот за да биде добар, е вечното прашање, особено за мажите, а истражувањето кое пред неколку години го направи Универзитетот во Њу Брансвик го дава можниот одговор.

Тие во 2012 година го истражувале траењето на предиграта и траењето на „интравагиналниот ејакулациски период“, односно колку време во просек поминува од моментот кога пенисот ќе влезе во вагината до моментот на ејакулација.

Испитаниците од машки и женски пол беа прашувани колку би требало да трае идеалната предигра и колку долг треба да биде „интравагиналниот ејакулациски период“, после што тие требало да го измера времетраењето на сексот со својто партнер.

Резултатите покажале дека предиграта во просек трае од 11 до 13 минути, додека самиот сексуален чин трае од седум до девет минути. „Предолгиот секс може да стане болен за жената, бидејќи природното влажнење на вагината може да трае само одреден период“, вели Трејси Кокс, која беше дел од научниот тим.

Сексуалните терапевти се согласуваат дека сексот е прекраток кога трае од една до две минути, „доволен“ е од три до седум минути, а идеалното времетраење на сексот е од седум до тринаесет минути.

Сепак, експертот Јан Кернер, автор на книгата She Comes First, вели дека сексот треба да трае точно толку колку што на парот му е потребно психички и физички да се опушти и да го постигне возбудувањето. „Допирите, многу предигра, читањето еротски книги или гледањето порничи се препорачливи“, предлага Кернер кој тврди дека секој треба да си даде време толку колку што му е потребно.