Актуелно

Уништен инвентар од парк-шумата „Водно“


Изминатиов период чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк – шумата “Водно“ увидоа уништување на повеќе парковски елементи.

Се почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите, што говори за вандалско и несовесно однесување кон истите.

Потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк – шумите, парковите и урбаното зеленилото.

Оттука, надлежните апелираат до посетителите совесно и одговорно да се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top