Undulatus Asperatus: Најновиот облак на Земјата има апокалиптичен изглед (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во 2014 година, Гевин Претор-Пини, основач на The Cloud Appreciation Society, се зафати со донкихотовска мисија да распознае и разликува нова категорија на облаци наречени Undulatus Asperatus. Со години, индивидуалци од цел свет, му праќаа фотографии од необични облачни формаци, обидувајќи се да сфатат и разберат какви облаци се тие. Но, за истите немаше официјално име.

Пред некој ден, на Светскиот ден на метеорологијата, девет години после првичното официјално класифицирање, Светската метеоролошка организација конечно ги призна и вметна во надополнетиот Интернационален атлас на облаци облачните формации на Претор-Пини, иако со скратено име Asperitas. Тоа е првиот нов вид облаци додаден во изминатиот половина век.