Уличен к’смет: На бездомник му фрлиле монета вредна 12.000 долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во британскиот град Ексетер непознат минувач му оставил на бездомник колекционерска монета од 50 пени, чијашто вредност се проценува на 10.000 фунти, односно 12.000 американски долари.

Забележувајќи дека монетата е со необична форма и на неа е претставен зајак, бездомникот се обратил на полицаецот кој патролирал во регионот, сакајќи да дознае дали таа нешто вреди, пишува весникот Metro.

Со помошна паметниот телефон на чуварот на редот дознале дека бездомникот станал сопственик на една од неколкуте стотина колекционерски монети, издадени во април 2016 година по повод одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на познатата писателка за деца Беатрис Потер.

5-1-bezdomnik-moneta1

На седумаголните сребреници е отсликан по еден лик од бајките на Потер, зајак, гуска, верверица, волк и други, а специјалното издание беше распродадено за само осум дена.

Овие специјални кованици, кои чинеа 55 фунти на почетокот, на eBay се разменуваат за многу повисока цена. Тие се наоѓаат во оптек, но се многу ретки и најчесто се купени веќе од колекционери.