Украде електричен атомоби, но не знаеше да го стартува за да побегне


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако го скршил стаклото од автомобилот и го исфрлил возачот надвор, Кори Ален Патрик од Остин, САД, се обидел брзо да побегне од местото на злосторот, но не знаел како да го стартува автомобилот, па побегнал пеш. Но, набрзо бил фатен.

Минатата сабота тој во Остин го нападнал возачот на Bolt EV кој бил паркиран и влегол во неговиот автомобил. Иако возачот на почетокот пружал отпор, кога напаѓачот го скршил стаклото и станал агресивен, сопственикот на возилото заклучил дека не се исплаќа да загине поради него, па излегол од колата и истата му ја препуштил на Патрик.

Откако некое време поминал во електричниот автомобил, неспретниот крадец истрчал надвор од него и почнал да бега, но не стигнал далеку, бидјеќи ситуацијата ја следел маж кој притрчал на помош на сопственикот од автомобилот и се обидел да го фати Патрик.

Според полицискиот извештај, причината поради која крадецот избегал без автомобилот е бидејќи не знаел да го стартува истиот, но проблемот можеби бил во тоа што за придвижување на рачката од менувачот потребно е да се притисне едно копче од страната на самиот менувач.

Против 28-годишниот Кори Ален Патрик е покренато обвинение за грабеж со физички напад, за што во Тексас може да се добие затворска казна од дури 20 години.