Вебкафе

Угледен научник тврди: Создадоа пола човек пола мајмун, па потоа го неутрализираа!


Еволуцискиот психолог Гордон Галуп тврди дека науката успеа да создаде хибриден човек и мајмун.

Според зборовите на Гордон неговиот поранешен професор од угледен америкаснки факултет во Атланта му се доверил дека бил дел од успешниот експеримент во кој женска шимпанза е оплодена со човечка сперма, а потоа е успешно родено бебе, пола човек, пола мајмун.

Евтаназија на суштеството поради „морални и етички дилеми“

„Оплодиле женка шимпанзо со човечка сперма од таен донатор и тврделе дека тоа резултирало со раѓање на живо новороденче. Но после неколку дена, научниците почнале да ги мачат етички и морални дилеми, па бебето го неутрализирале“ рече Галуп и додаде дека нема причина да не му верува на професорот. Сепак, неговото име сака да остане анонимно.

Најраниот и најпознат пример на хибридизација на човек и шимпанзо е дело на советскиот научник Илја Иванович Иванов, кој направил серија познати експерименти во текот на ’20-те години од минатиот век. Тој оплодил повеќе женки шимпанза со сперма од маж, но ниту едно од животните немало подмладок.

Иванов иницирал и неколку контроверзни експерименти со мајмунска сперма и човечка доброволка, но проектот му бил запрен и никогаш не бил продолжен.

Нешто подоцна, во 1958 година, шимпанзото Оливер беше претставено како хуманзо, поради својот необичен човечки изглед. Често одело исправено, а било ќелаво и со пеги. Носот му стрчел напред, што само ги засилило шпекулациите.

Се тврдело дека има 47 хромозоми, помеѓу 48-те на шимпанзото и 46-те на човекот. Но, во 1996 година ДНК тест покажал дека Оливер има 48 хромозоми, што е нормален број за шимпанзо.

Галуп тврди дека не само што е можно да се мешаат луѓе со шимпанза, туку е можно тоа да се прави и со други примати, како горили и орангутани.

Но, додека признава дека би било фасцинантно да се види вистински, жив примерок на хуманзо, и самиот Галуп не е сигурен дали трошокот за ваков бизарен и контроверзен биолошки експеримент би бил исплатлив за евентуалните придобивки од истиот.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top