Спорт

УЕФА спрема санкции за Милан – од клубот негираат


Италијанските медиуми денес најавија дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема да го прифати предлогот на Милан за доброволниот договор за финансискиот фер-плеј.

Тоа значи дека италијанскиот гигант ќе биде санкциониран, а набргу УЕФА ќе ја одреди казната, пренесуваат „Кориере дела Сера“ и „Кориере дело спорт“.

Челниците на Милан го преставиле планот за кој мислат дека на клубот во наредните години ќе му донесе економска стабилност, но луѓето од УЕФА не биле убедени во нивните тврдења.

Милан се соочува со парична казна, можно е да добие и трансфер-ограничувања, а во најлош случај УЕФА ќе го исфрли од европските купови

Генералниот директор на „росонерите“ Марко Фасоне денес веднаш одговори на ваквите најави на медиумите и категорично ги демантираше.

„Ова е погреб пред време. Како одредени медиуми знаат што ќе одлучи УЕФА кога состанокот на кој ќе се одлучува е утре? Ние сме оптимисти, во најлош случај УЕФА ќе не повика на додатно образложение на планот. Исфрлањето од европските купови е чиста фантазија“, истакна Фасоне.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top