Убавец „тежок“ 10 милиони фунти: Овој е најскапиот автомобил на светот (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако прозводителот не сакаше да ја соопшти цената на возилото, овој единствен „Ролс-Ројс“ наводно чини десет милиони фунти, што го прави најскап нов автомобил во сите времиња.

„Ролс-Ројс“ на манифестацијата „Конкурс на елеганцијата“ (Concorso d’Eleganza Villa d’Este) што традиционално секоја година се одржува на брегот на езерото Комо, во Италија, го претстави единствениот автомобил со ознаката Sweptail, што е изработен во еден единствен примерок.

Со оглед на тоа дека во светот нема да постои уште еден Sweptail, а земајќи ги во предвид луксузните соддржини со кои моделот ги надминува „обичните„ модели на „Ројс-Ројс“, сумата од десет милиони фунти (околу 11,5 милиони евра) што се споменува на странските автомобилски сајтови можеби и навистина е точна.

Како основа за овој едиствен автомобил послужи серискиот „Ројс-Ројс Фантом Купе“, а дизајнот е инспирација од старинските модели на овој производител, но и со изгледот на луксузните јахти.

Внатрешноста, исто така, е многу изменета во однос на регуларниот “Фантом Купе“, а меѓу скапите материјали што се употребени во кабината се истакнуваат деталите од најквалитетно дрво и кожа.

“Ролс Ројс“ соопшти дека со анонимниот клиент се договориле само околу деталите на изработка на возилото, но не и околу цената (очигледно дека станува збор за оној вид купувач на кој тоа не му е многу важно), што донекаде го објаснува недостатокот на официјални информации за тоа колку Sweptail навистина чини.

Rolls-Royce Torpedo
Photo: James Lipman / jameslipman.com

Кога се знае дека станува збор за единствен автомобил во светот, купувањето на ова возило и покрај астрономската цена, може да се покаже и како добра инвестиција за иднината, затоа што неговата вредност со годините најверојатно ќе расте.