Уапсени уште 14 луѓе за нападот во Истанбул – објавено и селфи од напаѓачот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Турската агенција Анадолија јави дека уште 6 лица биле приведени во врска со нападот во ноќниот клуб Реина за време на прославата на Нова Година.

Сите приведени кои сега се 14 на број се испратени на сослушување во полицијата во Истанбул. Во нападот загинаа 39 лица, а 69 беа повредени. Агенцијата не соопшти детали за осомничените, ниту каде биле приведени.

Турските медиуми претходно објавија селфи видео снимка од маж за кого велат дека е осомничен за нападот. Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, а осомничениот и натаму е во бегство и се уште не е идентификуван.

Киргистанските власти соопштија дека работат заедно со турските власти во истрагата за откривање на идентитетот на осомничениот за убиство на 39 луѓе во ноќен клуб во Истанбул за време на прославата на Нова година. Портпаролот на киргистанската Служба за национална безбедност, Рахат Сулејманов изјави дека соработката е со цел да се провери валидноста на копија од фотографија на киргистанскиот пасош која беше постирана на социјалните медиуми.

Напаѓачот кој се уште е на слобода со автоматска пушка уби 39 лица, а повреди 69 во ексклузивниот ноќен клуб Реина.